Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2016

Конте ги пречкрта Ивановиќ и Кејхил

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, во искусните дефанзивни играчи Србинот Бранислав Ивановиќ и Англичанецот Гери Кејхил ја пронајде вината за убедливиот пораз во градското дерби од Арсенал (3-0).

Медиумите од Островот пренесуваат дека италијанскиот тренер сака од тимот да ги исфрли двајцата дефанзивни играчи и во јануарскиот преоден рок одбраната да ја освежи со ангажирање тројца нови фудбалери.
Ивановиќ и Кејхил во дербито на Лондон беа виновни за првиот погодок на „топчиите“ и Конте, наводно, повеќе нема трпение и во јануари ќе им пронајде замена.
За недовербата на неодамнешниот италијански селектор во капитенот на репрезентацијата на Србија англиските медиуми пишуваа и пред дваесетина дена, но и покрај тоа, Ивановиќ беше стандарден во поставата на „сините“.
Челзи во летниот преоден рок ги доведе Давид Луиз и Маркос Алонсо, но Конте не е задоволен од својата последна линија и се подготвува за ново купување.
Челзи по шест одиграни кола се наоѓа на осмото место на табелата на Премиер лигата со три победи, реми и два порази.
Цел на „сините“ се Мајкл Кин од Барнли и Бен Гибсон од Мидлсборо.

Најнови вести