Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2016

Македонија не издржa во продолжението

Фудбалерите на Албанија ја совладаа Македонија со 2-1 во првото коло од групата Г во квалификациите за Светското првенство.

Македонската репрезентација е поразена во продолжението од 15 минути на вчерашниот прекинат натпревар, а стрелец на вториот гол беше Беким Балај на една минута пред крајот на натпреварот.
Натпреварот беше прекинат синоќа во 76-тата минута поради силниот дожд, а беше довршен денес околу 14 часот.
Домаќинот вчера поведе во деветтата минута од натпреварот преку Армандо Садику, центарфорот на Цирих, но на почетокот на второто полувреме изедначи Алиоски.
Албанија прв пат ја победи Македонија во петтата меѓусебна средба.
Со тоа Албанците се изедначија со Шпанија и Италија, кои исто така славеја во првото коло, над Лихтенштајн со 8-0 и над Израел со 3-1.
Во следното коло на шести октомври Албанија ќе гостува кај Лихтенштајн, додека Македонија го дочекува Израел.
Во дербито на групата се сретнуваат Италија и Шпанија.

 

Најнови вести