Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2016

Матуиди достапен за 30 милиони евра

ПСЖ е подготвен да го продаде својот играч за врска Блез Матуиди за 30 милиони евра, пренесуваат француските медиуми.

Повеќе седмици се шпекулира дека францускиот репрезентативец би требало да го наследи земјакот Пол Погба во Јувентус.
Унаи Емери, новиот тренер на ПСЖ, неколку пати потенцираше дека нема да го продаде Матуиди освен во случај на богата понуда, а се шпекулира дека таа е токму 30 милиони евра, десетина повеќе отколку што е наводно „старата дама“ подготвена да понуди.
Јувентус ова лето му го продаде Пол Погба на Манчестер јунајтед за рекордни 105 милиони евра, со бонуси, но и го купи Гонзало Игуаин за 95 од Наполи.

 

Најнови вести