Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2016

Нема пријателство кога играат Ливерпул и Челзи

Уште од времето на Бенитез и Мурињо ривалството прерасна во зла крв, во Пасадена ништо не беше пријателски меѓу Ливерпул и Челзи.

Славеше тимот на Антонио Конте, а единствениот гол на натпреварот го постигна Гери Кејхил, Челзи го заврши натпреварот со десетмина, исклучен беше Фабрегас по стартот над Клаван.
Судијата се обидуваше да ги смири страстите со картони, а еден заработи и Грујиќ кој го започна натпреварот, но не го заврши полувремето поради повреда по еден воздушен дуел со Траоре поради која заврши во болница со потрес на мозокот.
Ливерпул постигна гол, но беше поништен поради офсајдот на Фирмино.
Повеќе од 50.000 луѓе беа на трибините на „Роуз боул“ во Пасадена.
На другата страна на Америка во Њујорк, Интер и Естудијантес одиграа 1-1. Манчини преживеа на клупата, во тимот повторно не беше Икарди, Нагатомо ги доведе Италијанците во водство, а Десабото ги постави конечните 1-1.

 

Најнови вести