Корисничко име Лозинка Пријави се
08.7.2016

Гриезман го победи светскиот шампион, Франција оди во финале

Фудбалерите на Франција се пласираа во финалето на Европското првенство со победата над светскиот шампион Германија со 2-0.

Французите на „Велодром“ не беа подобар противник од Германија, но ги искористија своите шанси и во борбата за титулата ќе играат против Португалија.
Португалија во средата го елиминираше Велс со идентичен резултат, а новиот шампион на Европа ќе го добиеме во недела на финалето кое започнува во 21:00 часот во Париз. 
На „Галските петли“ ова ќе им биде трето финале на континенталните шампионати, претходните два го добија додека Португалците ќе имаат втора шанса по онаа во 2004 година.
Французите подобро го отворија натпреварот, имаа голема шанса веќе во 7-та минута преку Антоан Гриезман, но Нојер одлично реагираше. Пет минути подоцна се реваншираше Уго Лорис по шутот на Емре Џан и тогаш започна големата иницијатива на Германија.
Го затворија противникот на неговата половина и започнаа со шансите, чуварот на мрежата на Тотенхем одбрани одличен удар на Швајнштајгер, Дракслер му овозможи шанса на Милер, а непрецизен беше и Озил во завршницата.
Самиот финиш на првото полувреме донесе голема шанса за репрезентацијата на Франција, која во поседен момент го постигна првиот гол.
Прво Хектор без преголема потреба ја исфрли топката во корнер, потоа Бастијан Швајнштајгер високо ја подигна раката и го блокираше Патрис Евра, а судијата покажа на белата точка. Сигурен изведувач беше Антоан Гриезман за 1-0 на полувремето.
Второто полувреме донесе слична слика на теренот како и првото, репрезентативците на Германија имаа иницијатива, се обидуваа да изедначат, но овој пат немаше ниту е еден шут во рамките на голот. По речиси еден час игра Германците го примија и вториот гол во 72-та минута.
Французите извршија силен притисок во казнениот простор на противникот, ја преземаа топката, која заврши кај Гриезман, кој вешто ја смести во мрежата.
Од тој момент ритамот на натпреварот, значително опадна, па и покрај добрите шанси мрежите мируваа до крајот на натпреварот, за големото славење на домашните навивачи.

Најнови вести