Корисничко име Лозинка Пријави се
29.6.2016

Челзи го доведе Батшуаји

Новиот менаџер на Челзи Антонио Конте доведе напаѓач како прво засилување во клубот.

Нов фудбалер на „сините“ е белгискиот репрезентативец Миши Батшуаји.
Челзи на Олимпик Марсеј му плати околу 40 милиони евра за дваесет и две годишниот голгетер.
Батшуаји минатата сезона постигна 23 голови на 50 натпревари за великанот од „Велодром“.
Тој настапи шест пати за репрезентацијата на Белгија и постигна три голови,од кои еден на Европското првенство во осминафиналето против Унгарија (4-0).

 

Најнови вести