Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2016

Ивановски со нов државен рекорд на 1000 метри

Вчера на Националната Арена „Филип II“ се одржа трка на 1000 метри со електронско мерење на времето на која најголемиот македонски атлетски талент Дарио Ивановски го урна 18 години стариот државен рекорд кој го постави легендарниот Ване Стојанов во 1998 година.

Дарио Ивановски го подобри стариот рекорд за цели четири секунди и сега е одлични 02,28 секунди. Ова е најголем успех за деветнаесет годишниот атлетичар во оваа сезона, но со напорните тренинзи ова е само поттик за подобри резултати.
Целокупната спортска јавност е изненадена од овој рекорд кој е резултат на напорна работа и нова филозофија на тренинг. 
Тимот околу Дарио Ивановски во кој е вклучен и Игор Јакимовски, е поддржан од Sport Life обложувалници, ветува уште многу работа и многу одлични резултати во иднина.

Најнови вести