Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2016

Конте ги сака Лукаку, Бонучи, Најнголан...

Новиот менаџер на Челзи Антонио Конте побара од управата на клубот веднаш да му го доведе Ромелу Лукаку, напаѓачот кој пред неколку сезони не се докажа на „Стемфорд бриџ“.

Конте сака веднаш да ја заврши работата пред Европското првенство додека сè уште не му пораснала цената на Белгиецот, а за трансферот е подготвен да издвои 50 милиони фунти.
Проблем би можел да биде самиот играч, кој претходните седмици изјави дека не сака да се врати на „Стемфорд бриџ“, туку дека сака да оди во тим кој ќе игра во Лигата на шампионите.
Лукаку под договор со Челзи беше од 2011 до 2014 година, но главно играше како позајмен играч, по што Евертон го откупи за 28 милиони фунти и му овозможи да го покаже својот целосен потенцијал.
Конте тука не го завршува списокот на желбите бидејќи има намера да ја засили одбраната и средниот ред, а во првиот план ги има Леонардо Бонучи од Јувентус и неуморниот играч за врска на Рома, Раџа Најнголан.

Најнови вести