Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2011

Станковиќ и Видиќ се повлекуваат од националниот тим

Дејан Станковиќ, капитенот на репрезентацијата на Србија, и Немања Видиќ, неговиот заменик, најавија повлекување од националниот тим по вчерашниот пораз од Словенија.

„Ова беше мојот последен натпреварувачки меч за Србија. Можеби ќе одиграм уште некој пријателски натпревар“, им рече 33-годишниот Станковиќ на новинарите во Марибор и додаде дека во наредните денови ќе повика конференција за новинарите.
Станковиќ синоќа во Марибор го одигра 102-от натпревар за репрезентацијата и се изедначи со досегашниот рекордер Саво Милошевиќ.
На Видиќ ова му беше 56-ти настап во дресот на националниот тим.
„Време е за смена на генерација во репрезентацијата“, рече дефанзивниот играч на Манчестер јунајтед, кој е три години помлад од Станковиќ.

Најнови вести