Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2015

Меси скина лигамент, два месеци надвор од теренот

Лионел Меси, најдобриот фудбалер на светот, се повреди уште на стартот на натпреварот со Лас Палмас во шестото коло на шпанската Примера лига и ќе паузира седум до осум седмици.

Меси по петтата минута од средбата имаше шанса да постигне погодок, но Бегас го стигна и по контактот, Аргентинецот се фати за коленото.
По три минути, бараше измена и на негово место на теренот влезе Мунир Ел Хадади, а по деталните прегледи, установено е дека го скинал внатрешниот лигамент на коленото, потврди клубот.
Иако се шпекулираше дека лигаментите се само истегнати, снимката во локалната болница покажала поголемо оштетување и најдобриот фудбалер на светот ќе мора долго да паузира.
Покрај не толку одличната форма и проблемите со повреди, екипата на Луис Енрике се здоби со уште еден удар, овој секако е најтежок.
Каталонците и без Меси успеаја да го совладаат Лас Палмас со 2-1, а двократен стрелец беше Луис Суарес.

Најнови вести