Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2011

Иниеста речиси еден месец надвор од теренот

Андрес Иниеста, еден од најдобрите играчи на „каталонците“, синоќа се повреди, по што ќе ги пропушти следните пет натпревари.

Во наредните четири седмици Барселона ќе мора да игра без Иниеста, бидејќи тој ја повреди тетивата на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите против Милан.
Пет минути пред крајот на првото полувреме тој ја напушти играта, а се очекува да ги пропушти и следните пет меча на Барселона, вклучувајќи ги оние против Валенсија и Атлетико Мадрид во Примера лигата и дуелот во Лигата на шампионите против БАТЕ Борисов.
Ова е втора повреда за каталонската екипа во првите два меча, бидејќи Алексис Санчес се повреди на минатиот натпревар во Ла Лига против Реал Сосиедад и ќе отсуствува најмалку два месеци.

Најнови вести