Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2015

Енрике: Заслуживме пораз

Луис Енрике, тренерот на Барселона, изјави дека неговиот тим не заслужил ниту реми по поразот од Малага на „Камп ноу“ со 1-0, во натпреварот од 24-тото коло на Примера лигата.

Малага до триумфот дојде со голот на Хуанми, кој одлично реагираше по лошиот пас на Дани Алвес во седмата минута, а потоа мрежите на двете страни мируваа.
Барселона сега има четири бод помалку од водечкиот Реал кој синоќа победи на гостувањето кај Елче со 2-0.
„Боли овој резултат. Малага одигра многу добро и би сакал ова да е случајност, но морам да кажам дека сме целосно поразени и веројатно тоа е апсолутно заслужено. Мислев дека во првото полувреме игравме добро, но Малага искористи една наша грешка. Грешки се грешки, ова не беше наш најдобар ден ниту индивидуално, ниту тимски. Премногу напаѓавме на центарот на теренот. Не бевме ефикасни во последната третина од натпреварот, и тоа беше наш најголем проблем“, изјави Енрике.
Малага на тој начин ѝ ја прекина низата на Барселона од 11 натпревари без пораз, а Серхио Бускетс изјави дека најважно е тимот брзо да закрепне за утрешниот дуел со Манчестер сити во осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Брзо примивме гол и се мачевме да одговориме. Се обидовме со додавања, затоа што ни дозволија да играме широко, но немавме среќа. Меѓутоа, Лигата е долга. Мораме да поправиме некои работи бидејќи утре нè чека важен натпревар“, изјави Бускетс.

Најнови вести