Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2014

Лукаку во Евертон за 25 милиони фунти

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку конечно го напушти Челзи и направи трансфер во Евертон за 25 милиони фунти.

Лукаку минатата сезона постигна 15 голови за клубот од „Гудисон парк“ на заем, а по повеќемесечните шпекулации каде ќе ја продолжи кариерата, конечно се реши.
Со „карамелите“ потпиша петгодишен договор вреден 75.000 фунти седмично. Лукаку е најскапото засилување во историјата на клубот.
„Време е за пишување ново поглавје“, изјави Лукаку на профилот на „Твитер“ при доаѓањето во Ливерпул.
Белгиецот има само 21 година, во Челзи стигна во 2011 од Андерлехт за 17 милиони фунти, но одигра само 15 натпревари без постигнат гол.
Во меѓувреме, на 71 натпревар на заем за Вест Бромич албион и Евертон даде 33 погодоци. За Белгија на 31 средба седум пати беше стрелец, од кои еднаш на Светското првенство.

Најнови вести