Корисничко име Лозинка Пријави се
16.4.2014

Лепај: Ќе го скршам Владимир Кличко

Австралискиот боксер Алекс Лепај изјави дека верува дека на 26-ти април ќе стане нов светски шампион така што ќе го победи Владимир Кличко. Лепај со помладиот од браќата Кличко ќе се бори во германскиот Оберхаузен.

Украинскиот боксер, кој ја држи титулата светски шампион во тешка категорија во верзиите ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО, нема доживеано ниту еден пораз во последните десет години.
На другата страна ќе се најде Лепај, по потекло од Самоа, кој во кариерата има скор 30-4-3, а 24 победи постигна со нокаут.
„Во боксот еден удар може да промени сè, но јас не сакам да зависам од тоа. Ќе бидам искрен, ќе одам во рингот за да го скршам, не за да му зададам еден силен удар“, изјави Лепај.
Без оглед дали ќе победи или ќе изгуби, Лепај од борбата со Кличко ќе заработи милион и пол долари. Меѓутоа, тој размислува само за триумф над 38-годишниот Украинец.
„Тренирам за 12 рунди, одиме во Германија и ќе биде навистина тешко да се дојде до победа. Но, верувам дека нема да стигнеме до крајот, сакам да го нокаутирам. На 27-ми април рано наутро Австралија ќе го има новиот светски шампион“, додаде Лепај.