Корисничко име Лозинка Пријави се
01.11.2011

Кличко се повлекува?

Украинскиот боксер Виталиј Кличко изјави дека во план има уште еден до два меча пред да ја заврши кариерата.

„При крај сум со кариерата, мислам дека е време да се повлечам“, изјави четириесетгодишниот боксер за украинските медиуми.

Сепак, Кличко им порача на своите навивачи да не се вознемируваат бидејќи на рингот уште многу години ќе биде неговиот помлад брат, триесет и петгодишниот Владимир Кличко.

Украинскиот боксер оствари 43 победи во 45 натпревари во професионалната кариера, која ја почна во 1999 година.