Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2011

Кличко: Хеј како сите останати

Дејвид Хеј не успеа да го предизвика Владимир Кличко за време на борбата за обединување на титулата во тешка категорија во која Украинецот победи на поени (117:109, 118:108, 116:110).

Неколку месеци пред големата борба во „Имтех арената“ во Хамбург, Хеј ги критикуваше претходните противници на Кличко дека не го напаѓале доволно Украинецот. Но, по победата на поени на Кличко, тој изјави дека и Британецот не се разликувал од неговите претходни ривали бидејќи боксувал претпазливо.

„Ќе беше одлично да го нокаутирав Дејвид, но сè беше исто  како и на моите претходни мечеви. Бев критикуван после борбата со Ибрагимов, и сега ситуацијата е слична. После три рунди, Хеј се откажа од својата стратегија и беше многу претпазлив. Беше многу тешко да го удрам, исто како и Ибрагимов. Не бев предизвикан во рингот со неговата офанзивна тактика, наместо тоа беше како сите мои претходни противници. Сакав да го прославам мечот со мојот 50-ти нокаут, но тоа ќе мора да почека“ изјави Владимир после мечот.

Неговиот брат Витали ја има титулата во ВБЦ шампионатот, и со оваа ттитула на Владимир, браќата Кличко ги имаат чнајважните титули во тешка категорија:

„Ги остваривме нашите цели и ги обединивме сите титули во тешка категорија. Нашиот сон се оствари, ние сме неспорни шампиони во тешка категорија. Ова е момент во кој уживаме“, заврши 35 годишниот Владимир Кличко, за кој ова беше 56 победа во 59 професионален меч во неговата кариера.