Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2013

Ериксон го презеде Минхен 1860

Свен-Јоран Ериксон, 64-годишниот поранешен селектор на англиската фудбалска репрезентација, е вклучен во стручниот штаб на германскиот второлигаш Минхен 1860.

Управата на баварскиот клуб пронајде компромисно решение, па така, шведскиот стручњак ќе ја води екипата заедно со сегашниот прв тренер Александер Шмидт. Двајцата тренери со здружени сили ќе се обидат да го вратат клубот во првата лига.
По 19 кола на второлигашкото натпреварување, Минхен 1860 го зазема шестото место и пет бодови е оддалечен од третата позиција, која води во разигрувањето за највисокиот ранг.
Ериксон го освои Купот на УЕФА (1982) со Гетеборг, потоа, меѓу останатото, три пати беше португалски шампион со Бенфика, па шампион на Италија и победник на Купот на куповите со Лацио. Од 2001 до 2006 година ја водеше Англија, а потоа смени повеќе адреси, главно без некакви успеси.