Корисничко име Лозинка Пријави се
20.11.2012

Лил кај БАТЕ Борисов без половина играчи

За средбата од петтото коло на групата Ф од фудбалската Лига на шампиони против белорускиот БАТЕ Борисов францускиот Лил половина од играчите ги остави дома.

Орелиен Шеджу, Тулио де Мело (двајцата со повреда на бутниот мускул), Рајан Мендес (на стапалото) и Франк Берја (листот на ногата) останаа во Франција поради повреда, додека Флоран Балмон и Матје Дебуши добија слободно време.
Лил по четири одиграни кола и понатаму нема освоено ниту еден бод, а ваквиот потег е само дополнителен показател дека во главниот град на Белорусија, Минск, доаѓа со бело знаме.
БАТЕ моментно се наоѓа на третото место во групата, со шест освоени бодови, односно три помалку од Баерн Минхен и Валенсија, коишто имаат по девет. Доколку победи, БАТЕ сам ќе одлучува за својата судбина што се однесува до продолжување на натпреварувањето во Лигата на шампионите. Во последното коло ќе гостува кај моќниот Баерн.

Најнови вести