Корисничко име Лозинка Пријави се
05.3.2012

На Пике му се заканува дополнителна казна

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Шпанија најави дополнителна казна за Жерар Пике, дефанзивниот играч на Барселона, кој во саботата го обвини судијата дека неправедно го исклучил на натпреварот против Спортинг Хихон.

„Изјавата на Пике беше сериозна и несреќна. Ги разбирам спортистите и знам дека многу работи може да ги кажат во афект. Но и покрај тоа, мора да постои меѓусебна почит. Ваквите изјави се штетни и судиската организација ќе вложи жалба“, рече шефот на судиската комисија Санчес Арминио.
Барселона во саботата го совлада Спортинг Хихон со 3-1, а судијата Карлос Веласко Карбалјо на стартот од второто полувреме му додели црвен картон на Пике.
„На полувремето му забележав на судијата дека не свирна пенал над стартот на Кеита, а мислам дека тоа ми го запомни и затоа ме исклучи на стартот од вториот дел“, рече дефанзивниот играч на каталонскиот клуб по натпреварот.

Најнови вести