Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Ајакс го направи првиот чекор кон групната фаза, Николов со Видеотон поразен пред својата публикa

Втор ден од плејоф-натпреварите за групна фаза во Лигата на шампиони

Ајакс со триумф од 3-1 го совлада Димано Киев и го направи првиот чекор кон пласман во групната фаза во Лигата на шампиони.  Домаќините веќе по две минути стигнаа до водство со погодокот на младиот Дони Ван Де Бик, но украинскиот состав изедначи во 16-тата минута со голот на Кеџиора. Сепак, неизвесноста траеше кратко, Зиеч повторно донесе водство за Ајакс во 35-тата минута, додека Тадиќ зголеми на 3-1 во 43-тата минута, што воедно беше и конечен резултат.

Тимот на Видеотон, каде што игра и македонскиот репрезентативец Бобан Николов, претрпе тежок пораз од 1-2 пред својата публика од екипата на АЕК. Домаќините со играч помалку уште од првите минути од средбата, примија два гола, во 34-тата и во 49-тата минута, пред Данко Лазовиќ да ја намали негативата на 2-1 во остатокот од мечот. Николов играше 55 минути, пред да го замени Счеповиќ.

Јанг бојс и Динамо Загреб одиграа реми од 1-1 во Берн. Мбапу погоди во втората минута за водство на домаќините, додека конечниот исход од средбата го постави Орсиќ, со израмнувачкиот гол во 40-тата минута.



Најнови вести