Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Нема финале за кадетите, БиХ славеше против Македонија со 95:76

Македонските кошаркарски кадети загубија од домаќинот Босна и Херцеговина убедливо со разлика од 19 поени и ја пропуштија шансата за финале на Европското првенство Б дивизија

Домашните кошаркари со национални обележја на Босна и Херцеговина беа подобри од македонските кадети во полуфиналето на ЕП – Б дивизија, славеа со 95:76 и ќе играат за титулата. Нашите кошаркари ќе имаат уште една шанса да се пласираат во А дивизијата, со победа во мечот за третото место, со поразениот од дуелот меѓу Русија и Чешка, што се игра од 21 часот.
Алем Хусеиновиќ беше незадржлив кај талентите на БиХ и со 26 поени ја разби нашата одбрана. Деветнаесет поени постигна Денис Халичевиќ.
Кај нас најефикасен беше Гоце Петрушевски со 18 поени, Богдан Мирковски даде 13, со поен помалку мечот го заврши Марко Миловановиќ, а со двоцифрен број поени, 11, се истакна и Андреј Андоновски.

 

Најнови вести