Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2012

Болтон испрати понуда за Дос Сантос

Овен Којл, очигледно, сака веднаш да ги инвестира парите заработени од продажбата на Гери Кејхил во Челзи, а како прва опција е Жовани дос Сантос, мексиканскиот офанзивен играч за врска од редовите на Тотенхем.

Болтон е подготвен да оддели четири милиони фунти за играчот кој сезонава има едвај четириесет минути минато на терен за тимот од „Вајт харт лејн“.
Стратегот Којл од продажбата на својот централен дефанзивен играч заработи седум милиони фунти, од кои делот што ќе остане од евентуалното купување на Мексиканецот ќе се насочи кон американскиот репрезентативец Тим Реам, кој настапува за екипата на Њујорк ред булс.
Болтон уште одамна е заинтересиран за Дос Сантос, кој во 2008 година од Барселона се пресели на Островот, но ретко кога можевме да го видиме во стартните единаесет, но и како резерва.
Сè уште нема одговор од страна на Тотенхем, но уште важи изјавата на Хари Реднап дека Дос Сантос ќе биде продаден само ако пристигне разумна понуда.

Најнови вести