Корисничко име Лозинка Пријави се
13.1.2012

Фудбалер на П’лзењ настапувал допингуван во ЛШ

Давид Бистрон, дефанзивниот играч на Викторија П’лзењ, бил под дејство на недозволени средства на натпревар од Лигата на шампионите, во кој неговиот тим го совлада белорускиот БАТЕ Борисов со 1-0.

Европската фудбалска федерација соопшти дека примерокот Б, земен од фудбалерот на 23-ти ноември во Минск, потврди дека Бистрон бил допингуван. П’лзењ го зазема третото место во групата Х, веднаш зад Барселона и Милан, и подоцна натпреварувањето го продолжи во Лигата на Европа.
На Бистрон му следува казна од четири години забрана за настап во кое било натпреварување, а можни се и санкции против клубот

Најнови вести