Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.8.2018

Салцбург ја најде ахиловата пета на Шкендија, тетовци „паднаа“ на прекини

Австрискиот првак Салцбург е многу блиску до плејоф фазата за пласман во Лигата на шампионите, по победата од 3:0 против Шкендија, а прекините беа кобни за гостите од Македонија

Сите три погодоци што ги постигнаа домашните играчи беа по прекин на играта, а дефанзивците на Шкендија не беа на висина на задачата.
Најпрво Тотре направи прекршок за пенал во 16. минута, во ситуација што не беше опасна за Шкендија, но пенал имаше. Дабур погоди од белата точка, а веројатно клучен момент беше слободниот удар во самиот финиш на првиот дел. И повторно тетовци направија фаул во опасната зона, а центаруштот на Јунузовиќ во гол со глава го претвори повторно израелскиот репрезентативец Мунас Дабур.
И третиот гол за убедлива предност на Салцбург беше од прекин на играта и повторно од пенал. Бејтулаи во 81. минута го собори Улмер, па судијата Агаев по вторпат покажа на белата точка. Дабур остана без хет-трик, бидејќи место него вториот пенал го изведе Самасеку и погоди за конечни 3:0. Шкендија ќе мора да се надева на чудо во Скопје на 14. август, а за да дојде до евентуален подвиг треба да корегира многу работи во одбраната и особено да внимава на прекините, кои беа кобни за македонскиот првак на „Ред Бул“ арена во Салцбург.

 

Најнови вести