Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Осиек си има точна мерка за македонскиот првак, нова баксузна 13-ка за Драгон

Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција, Драгон од Скопје загуби со неверојатни 13:0 на гостувањето кај Осиек, во квалификациски меч од Лигата на шампионите

Нов катастрофален пораз од 13 голови разлика доживеа македонскиот првак ЖФК Драгон од Осиек, вечерва со 13:0 во квалификациите за настап во Лигата на шампионите. Пред две години дуелот меѓу истите екипи заврши со резултат 14:1 за хрватските фудбалерки, а и вечерва дамите кои играат за Драгон доживеаја вистински фудбалски бродолом. Катастрофата се наѕираше уште по првиот дел, кој заврши со предност од 5:0 за домашниот тим. Во продолжението продолжи иницијативата и надмоќта на Осиек, а конечниот резултат е дури 13:0. 

 

Најнови вести