Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Селмани: Да испишеме историја со подвиг против Салцбург

Ремзифаик Селмани се врати летово во македионскиот фудбал, од Ујпешт направи кам-бек во редовите на нашиот првак Шкендија и со тетовци очекува подвиг и историја со сефте пласман во Лигата на шампионите

На еден ден до првиот дуел со Салцбург, во третото квалификациско коло за настап во ЛШ, Селмани вели дека австрискиот состав ја има улогата на фаворит, но Шкендија нема да се предаде и очекува подвиг.
„Знаеме со каков квалитет располага Салцбург, екипа која ланската сезона играше и полуфинале во Европа Лигата. Тие се фаворити, но и ние имаме екстра мотиви. Испишуваме историја и се надевам дека со добар резултат, утре на гостински терен, ќе имаме можност на реваншот во Скопје да приредиме подвиг“, изјави Селмани за клупската интернет страница на Шкендија.
Утре, Салцбург ќе и биде домаќин на Шкендија во првиот меч, од 17 часот, а реваншот е на 14. август во Скопје. Победникот од двомечот ќе игра во плејофот за пласман во ЛШ против подобриот од двомечот меѓу Црвена Звезда и Спартак Трнава.

 

Најнови вести