Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2018

Коста: Повторно се чувствувам како фудбалер

Диего Коста, фудбалерот на Атлетико Мадрид, изјави дека не може да бара повеќе од првиот натпревар и дека е пресреќен бидејќи повторно се чувствува како фудбалер.

„Не можев да барам повеќе од првиот натпревар. Повторно играм и покрај сè, имав среќа да постигнам гол. Пресреќен сум бидејќи повторно се чувствувам како фудбалер“, изјави Коста.
Откако се врати во Атлетико, Коста првиот натпревар го одигра против Лјеида и постигна еден од четирите гола на неговиот тим.
Во Атлетико се врати по неколку години поминати во Челзи, а иако двата тима околу трансферот се договорија уште во септември, мораше да го почека јануари за да може да игра поради забраната за трансфери која ФИФА му ја изрече на клубот од Мадрид.

 

Најнови вести