Корисничко име Лозинка Пријави се
27.9.2017

Коста официјално во Атлетико Мадрид

Диего Коста официјално направи трансфер од Челзи во Атлетико Мадрид и изјави дека е среќен што се вратил дома.

Шпанецот со бразилско потекло беше најдобар стрелец на „сините“ во претходните две сезони, со по 20 голови во Премиер лигата, но не најде заеднички јазик со новиот менаџер Антонио Конте.
Во Атлетико се врати за 60 милиони евра, иако „јорганџиите“ ќе може да го регистрираат за натпреварување дури во јануари следната година, кога им истекува суспензијата од страна на ФИФА за трансфери.
„Секогаш кажував дека Атлетико е мојот дом. Многу, многу сум среќен. Ќе дадам сè што имам за тимот, како што и секогаш се трудев да работам. Посебно му благодарам на директорот Мигел Анхел Хил, но и на целиот клуб што го овозможи ова. Благодарен сум им на сите“, изјави Коста.
Коста има 28 години, за Атлетико играше од 2010 до 2014 година и во тој период постигна 64 гола на 135 натпревари, а настапуваше уште за: Панафиел, Брага, Селта, Албасете, Валјадолид и Рајо Валјекано.
Два пати играше за селекцијата на Бразил, но од 2014 година е репрезентативец на Шпанија, за која постигна шест погодоци на 16 настапи.

Најнови вести