Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2017

Рафиња ќе го пропушти најважниот дел од сезоната

Како што наведуваат шпанските медиуми, Рафиња Алкантара, фудбалерот на Барселона, поради повреда на коленото, ќе паузира од три до четири седмици, коишто за продолжување на сезоната на шпанскиот тим ќе бидат клучни, со оглед на тоа дека тимот на Луис Енрике го очекува четврт-финалето од Лигата на шампионите, но и Ел Класико.

Рафиња во 16-тата минута од натпреварот со Гранада излезе од игра, по што беше установено дека заработил повреда на менискусот на десното колено. Тоа значи дека Бразилецот ќе ги пропушти двата натпревари од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Јувентус, како и големото дерби на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Каталонците триумфираа против Гранада (4-1), а Барселона по завршувањето на натпреварот објави дека ќе ја прати состојбата на бразилскиот фудбалер во наредните 48 часа пред да се одлучи која терапија би била најдобра за Рафиња.
Повредата на Рафиња би можела прилично да ги промени плановите на Каталонците, со оглед на тоа дека тој на Луис Енрике му беше многу корисен по десната страна, во формацијата 3-4-3.
Рафиња претрпе пет повреди оваа сезона. Имаше полесна повреда на ребро, потоа проблеми со тетивата, фрактура на носот, повреда на бутот, а сега и повреда на коленото. И покрај тоа, одигра 28 натпревари и постигна седум голови.

Најнови вести