Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2017

Барса комплетна, Енрике пречкрта четворица

Луис Енрике, тренерот на Барселона, го објави списокот на играчи на коишто смета за вечерашниот дуел со Атлетик Билбао.

Фудбалерите на Барселона вечерва го играат реванш-натпреварот од шеснаесетфиналето на Кралскиот куп со Атлетик Билбао, а фудбалерите на Енрике ги чека тешка задача бидејќи треба да го надополнат заостанувањето од првата средба.
Кадровската ситуација во Барселона е многу поповолна бидејќи Луис Енрике вечерва повторно ќе може да смета на Јаспер Силесен, кој закрепна од повредата, а во протоколот ќе биде и Иван Ракитиќ.
Вечерва сигурно нема да настапат четворица играчи кои Енрике ги пречкрта, а се работи за: Жорди Масип, Андре Гомес, Алеиш Видал и Жереми Матје.
Стратегот на Барселона вечерва смета на: Тер Штеген, Силесен, Пике, Ракитиќ, Бускетс, Денис Суарез, Арда Туран, Иниеста, Луис Суарес, Меси, Нејмар, Рафиња, Маскерано, Алкасер, Алба, Дињ, Серх Роберто и Умтити.
Реванш-натпреварот од шеснаесетфиналето на Кралскиот куп меѓу Барселона и Атлетик Билбао на програмата е од 21.15 часот. Првата средба е завршена со победа на Атлетик Билбао со резултат 2-1.

 

Најнови вести