Корисничко име Лозинка Пријави се
28.11.2016

Енрике: Ремито е вистинско чудо, не го заслуживме ниту овој бод

Луис Енрике, тренерот на Барселона, беше бесен по најлошото издание на неговата екипа од почетокот на сезоната.

Барса ремизираше во Сан Себастијан против Реал Сосиедад, а Луис Енрике е свесен дека и бодот е вистинска премија за играчите на каталонскиот клуб.
„Кога би го гледал само резултатот, веројатно тоа би била мојата најпозитивна оцена во целата сезона. Тоа што натпреварот е завршен 1-1 е вистинско чудо. Победа не би била заслужена и морам да му честитам на Реал. Не можевме да поврземе ниту пет пасови. Без топката бевме катастрофални“, изјави менаџерот на Барселона.
„Не добивме ниту пет отсто од дуелите. Ако не се покажете добри во дуелите, па уште ако примите гол, тогаш не можете многу да направите. Во второто полувреме бевме малку подобри, но тоа никако не е доволно. Прашање е дали заслуживме да се вратиме дома со освоен бод“, додаде Енрике.

Најнови вести