Корисничко име Лозинка Пријави се
05.11.2016

Вилаш-Боаш во Кина за 12 милиони годишно

Португалскиот тренер Андре Вилаш-Боаш беше кандидат за тренер на Интер, но добил понуда од Кина која не можел да ја одбие.

Шангај СИПГ му понудил на Португалецот годишна плата од 12 милиони евра, што е трета најголема плата меѓу тренерите.
Најплатен на светот е Пеп Гвардиола во Манчестер сити со 21,5 милиони евра, а подобро платен од Вилаш-Боаш е само уште Жозе Мурињо во Јунајтед со околу 15 милиони.
Вилаш-Боаш во текот на кариерата ги водеше: Академика, Порто, Челзи, Тотенхем и Зенит, беше шампион на Португалија и на Русија, како и освојувач на Лигата на Европа.
Тој во мај доби отказ во Зенит.

Најнови вести