Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2016

МЗТ Скопје шампион по петти пат

Тимот на МЗТ Скопје повторно е шампион на Македонија, откако синоќа славеше на гостувањето кај Куманово со 90:88 и со вкупни 3-1 ја доби оваа финална серија.

Ова за МЗТ е петта титула во историјата, но оваа средба беше проследена со низа инциденти,навивачите на домашниот тим пред крајот на третата четвртина започнаа да фрлаат тврди предмети кон тренерот и кошаркарите на МЗТ, по што следуваше прекин на натпреварот од 40-тина минути, но потоа натпреварот мораше да продолжи со празни трибини. 
Тимот од Куманово беше предводен од триото Костоски, Трајковски и Симоновски кои ја одржуваа резултатската предност, се до 37-та минута кога гостите со тројката на капитенот Дамјан Стојановски го презедоа водството од 83:82, но набрзо Костоски го врати водството на Куманово.
Натпреварот беше решен во последната минута во која тимовите влегоа со израмнет резултат од 86:86. На 40 секунди до крајот на натпреварот водство им донесе Трајковски на домаќините, а на 15 секунди извонредна тројка постигна Протиќ. Домаќините понатаму не го реализираа својот напад, а конечниот резултат го постави Стојановски од линијата за слободни.
Најзаслужни за триумфот на МЗТ Скопје во Куманово беа Дреновац со 25 постигнати поени, Дамјан Стојановски со 18. Додека пак во редовите на Куманово, Костоски и Трајковски постигнаа по 23 поени, а Симоновски реализираше 15 поени.

 

Најнови вести