Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Ангреј Магдевски е новото засилување на МЗТ Скопје

Во ростерот на „штрковите“ пристигна уште едно име познато на македонската публика

Кошаркарскиот репрезентативец Андреј Магдевски, официјално е нов член на македонскиот вицепрвак МЗТ Скопје, откако потпиша едногодишен договор со клубот од Аеродром.

Дваесет и двегодишниот плејмејкер пристигна како слободен играч откако минатата сезона го носеше дресот на Гостивар. Ангажманот на Магдевски треба да претставува поддршка за Америнакецот Лестер Медфорд во организацијата на нападите.
 
Со најновата аквизиција, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов, сега на располагање има дури десет квалитетни имиња кои рамноправно ќе конкурираат за минутажа на средбите од АБА2-лигата и двете домашни натпреварувања. Пред Магдевски, аеродромци ги ангажираа Љубомир Младеновски, Хрватот Иве Иванов како и Американците Медфорд и Џејмс Вудард, а од минатата сезона останаа Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов, Андреј Маслинко и Србинот Андрија Бојиќ.

Најнови вести