Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2016

Лукаку го напушта Евертон

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку ќе го напушти Евертон пред почетокот на Европското првенство во Франција кое започнува на 10-ти јуни, изјави неговиот татко Роџер.

Лукаку оваа сезона постигна 25 голови на 46 натпревари во сите натпреварувања.
„Евертон бара околу 65 милиони евра за Ромелу. Мислам дека трансферот ќе биде завршен пред континенталниот шампионат. Мојот син одлучува за својата иднина, но менаџерите го имаат последниот збор. Се надевам дека Мино Рајола е искрен човек“, изјави Роџер Лукаку.
Според неговите зборови младиот Лукаку кариерата сигурно нема да ја продолжи во Италија бидејќи таму се игра премногу дефанзивен фудбал.
„Тешко е во Серија А да се биде напаѓач. Наскоро сè би требало да биде познато и верувам дека ќе направиме вистински избор“, заклучи Лукауа сениор.
Англиските медиуми најмногу шпекулираат околу одењето на Лукаку во Челзи, од каде во 2013 година помина во Евертон за клупскиот рекорд од 36 милиони евра.
Клубот од Лондон сега ќе мора да издвои речиси двојно повеќе пари за да ја исправи грешката, на што инсистира новиот менаџер Антонио Конте. 

Најнови вести