Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.4.2016

Пораз од Полска на првиот меч од квалификациите за Рио

Македонските ракометари на првиот натпревар од квалификациите за Олимписките игри беа поразени од репрезентацијата на домаќинот Полска со 25-20.

Ракометарите на првиот натпревар во Гдањск доживеаја пораз со пет голови разлика во дуелот со домаќинот.
Полска на овој натпревар влезе како фаворит, но не успеавме рамноправно да му се спротивставиме на противникот. Македонските ракометари беа свесни за сериозниот противник, така што овој пораз речиси беше вкалкулиран во пресметките на нашиот тим.
Душебаев имаше одлично деби на клупата на Полска, неговиот тим од самиот почеток го презема водството и не дозволи да има изненадување на натпреварот.
Домаќините имаа најголема разлика од осум голови, 23-15, но со квалитетната и добра игра во финишот успеавме да го намалиме поразот и загубивме со 25-20.
Капитенот Кире Лазаров со осум постигнати голови беше најефикасен во нашата репрезентација, четири гола постигна Георгиевски. На голот солиден беше Никола Митревски кој имаше седум одбрани, а Борко Ристовски запиша шест одбрани.
Тунис вчера убедливо го победи Чиле со 35-29, а денеска македонските ракометари против африканскиот противник во 18 часот го играат одлучувачкиот натпревар во групата.

Најнови вести