Корисничко име Лозинка Пријави се
09.12.2015

Арсенал по победа од два гола во Атина

Големите европски фудбалски клубови кои веќе обезбедија влез во осминафиналето од Лигата на шампионите вечерва ќе настапат без своите стандардни играчи за последните мечови од ова елитно натпреварување.

Со тимот на Барселона во Леверкузен воопшто не отпатуваа Иниеста и Пике додека пак Нејмар се повреди на тренинг и нема да настапи на вечерашниот натпревар.
Ништо поразлична не е и ситуацијата во Баерн кој вечерва наместо Мануел Нојер голот на Баерн ќе го чува младиот Урлих.
Зенит го има сигурното прво место во својата група, па на натпреварот во Гент ќе настапи без Хулк, а Витсел и Фајзулин ќе одморат од напорното темпо кое го имаа во минатиот период.
Во групата Е Барселона е сигурна на првото место во пласманот, а за второто место ќе се борат останатите три тима. За Рома ситуцијтата е едноставна, доколку извојува победа на домашен терен над БАТЕ Борисов таа ќе оди во осминафиналето без оглед на постигнатиот резултат на натпреварот во Леверкузен, бидејќи има подобар меѓусебен дуел против Баер. Белорускиот првак може да го заземе второто место во пласманот исклучиво со победа во Рим но и доколку Баер не ја победи Барселона.
Во групата Ф првото сигурно место му припаѓа на Баерн, додека пак Арсенал може да биде на второто место само доколку победи со два гола разлика во натпреварот против Олимпијакос,  по поразот од грчкиот тим во Лондон со 2-3.
Во групата Г првото место ќе го заземе победникот на натпреварот меѓу Челзи и Порто. Доколку пак Динамо Киев оствари победа над Макаби тогаш местото за да оди во следната фаза му е обезбедено, доколку пак Динамо победи, а мечот во Лондон заврши со реми тогаш се прави круг од три тима со ист број на бодови, при што Динамо Киев ќе биде првопласиран, Челзи ќе го заземе второто место, а Порто ќе остане на третото место но ќе има и пласман во Лигата на Европа.
Во групата Х, Зенит е тимот кој стои сигурно на првата позиција, Гент ќе биде на второто место доколку оствари победа во последното коло или пак доколку Валенсија доживее пораз од Лион, а Лион пак нема ни шанса за третото место.

Најнови вести