Корисничко име Лозинка Пријави се
17.11.2015

Џовинко во јануари поминува во Барселона

Италијанскиот фудбалски репрезентативец, Себастијан Џовинко, се наоѓа на чекор од трансфер во Барселона , кој треба да биде во јануари , потврди неговиот менаџер Андреа Д`Амико.

„Контактот е остварен, во сето ова голема улога има спортскиот директор на Барселона, Аријдео Брајд“, се наведува во изјавата Андреа Д` Амико за „Раи Спорт“.
Каталонците ги обновија своите интереси за фудбалерот на Торонто после одличните партии кој ги оствари во клубот и во националниот тим.
На Барселона на почетокот на 2016 година и истекува казната од ФИФА за забрана на трансфери, а Џовинко може да им се придружи на Алекс Видал и Арда Туран.
Џовинко постигна 24 гола на 34 натпревари за Канадскиот тим и со тоа ја освежи кариерата после неколку неуспешни сезони во Јувентус.

Најнови вести