Корисничко име Лозинка Пријави се
22.10.2015

Барса десет дена без Роберто

Серхи Роберто, фудбалерот на Барселона, ќе паузира од седум до десет дена поради повреда на препоните, соопшти каталонскиот клуб.

Роберто се повреди во вторникот, во победата од 2-0 против БАТЕ Борисов во натпреварот од Лигата на шампионите.
Тој ќе ги пропушти претстојниот натпревар против Еибар во Примера лигата и гостувањето кај Вилјановенсе во Кралскиот куп следната недела, но би можело да биде подготвен за натпреварот против Хетафе на 31-ви октомври.
Барселона веќе е ослабена бидејќи не играат повредените Андрес Иниеста и Рафиња, додека Лионел Меси ќе мора да отсуствува најмалку уште три седмици додека не закрепне од повредата на лигаментите на коленото.

Најнови вести