Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2011

Лоши вести за Барселона: Се повреди Фабрегас

Се чини дека на неволјите за Барселона и за Пеп Гвардиола им нема крај. Најнов проблем претставува повредата на Сеск Фабрегас, кој во саботата на тренингот го повреди задниот дел на бутниот мускул на десната нога.

Поради оваа повреда Фабрегас од теренот ќе отсуствува три седмици. Тој, исто така, им се приклучи на останатите повредени фудбалери на Барселона, меѓу кои се: Андрес Иниеста, Ибрахим Афелај и Алексис Санчес.
Поради овие ненадејни вести Пеп Гвардиола, тренерот на каталонскиот состав, за натпреварот против Спортинг Хихон повика 18 играчи, меѓу кои е капитенот на екипата Карлес Пујол, кој, исто така, имаше проблеми со повреда по последната средба во натпревар од Лигата на шампионите со БАТЕ Борисов, како и 20-годишниот Исак Куенка.

Најнови вести