Корисничко име Лозинка Пријави се
30.9.2011

Пујол нема да игра против Хихон

Европскиот шампион Барселона без тешкотии го совлада БАТЕ Борисов со 5-0 во второто коло од Лигата на шампионите, но од Белорусија се врати со една лоша вест.

Капитенот Карлес Пујол, кој ги одработи сите деведесет минути во одбраната на „каталонците“, по завршувањето на натпреварот се пожали на болки на бутниот мускул на десната нога. Според пишувањето на шпанските медиуми, триесет и тригодишниот дефанзивец на закажаниот денешен тренинг ќе работи надвор од тимот, по што ќе биде одлучено дали ќе конкурира за првиот тим за натпреварот против Спортинг Хихон во седмото коло од Примера лигата.
Екипата на Пеп Гвардиола, во недела гостува кај претпоследниот на табелата.

Најнови вести