Корисничко име Лозинка Пријави се
26.5.2015

Норвич славеше за Премиер лигата и за 120 милиони фунти

Само по една година од елиминацијата, фудбалерите на Норвич се изборија да се вратат во Премиер лигата.

Фудбалерите на Норвич во финалето на баражот на Шампионат лигата со 2-0 го совладаа Мидлсборо на „Вембли“ и се вратија во елитата.
Јунаци на Норвич беа Камерон Џером и Нејтан Редмонд, кој уште во првите 15 минути од натпреварот му донесоа предност на својот тим. Враќањето во Премиер лигата на Норвич ќе му донесе 120 милиони фунти.
„Ова беше долга сезона. Немавме среќа да се пласираме директно во Премиер лигата. Некој мораше да изгуби, тоа беа тие, за нивна жал. Ние денес бевме извонредни. Одлично се движевме со топката и заслужено победивме“, изјави Џером, еден од стрелците.
Двата тима имаа уште по неколку шанси за гол, а најблиску до погодок беа Бредли Џонсон од Норвич и Јеле Восен од Мидлсборо, коишто ја погодуваа стативата.
Пред Норвич, директен пласман во елитата изборија Борнмут и Ватфорд, додека во Шампионат од Премиер лигата следната сезона ќе играат Хал, Барнли и Квинс парк ренџерс.
Алекс Нил, менаџерот на фудбалерите на Норвич, сезоната ја почна на клупата на шкотскиот Хамилтон, првиот натпревар го играа пред 730 гледачи, а вчера на „Вембли“ пред 85.000!

Најнови вести