Корисничко име Лозинка Пријави се
11.3.2015

Меси: Имам инстинкт на коцкар

Лионел Меси, најдобриот стрелец на Барселона, во рок од еден месец два пати бил виден како излегува од казино во друштво на Сеск Фабрегас.

Се чини дека Меси во казино се чувствува како на свој терен, во едно интервју за списанието „ФорФорТу“ изјави дека се споредува со страстен коцкар.
„Некои луѓе велат дека мојот стил на играње фудбал е вроден. Не знам дали е точно, но јас сигурно имам инстинкт на коцкар“, изјави Меси.
„На теренот секогаш се обидувам да ја донесам најдобрата можна одлука и да го изведам најдобриот потег, каков што моите противници никогаш не би очекувале“, додаде Аргентинецот.
Поради посетата на казината во Лондон, Меси бил под будно око на папараците. Но, во Шпанија е сосема поинаку.
„Во Барселона ги немам тие проблеми, медиумите никогаш не го загрозуваат мојот приватен живот“, изјави Меси.

Најнови вести