Корисничко име Лозинка Пријави се
25.9.2014

Енрике: Не можевме да го најдеме Меси

Луис Енрике, тренерот на Барселона, изјави дека Малага одлично го заградила Лионел Меси во синоќешното реми без голови.

Малага е првиот тим кој оваа сезона успеа да ѝ откине некој бод на Барселона, која немаше ниту еден шут кон голот на домаќинот во текот на целиот натпревар.
Меси имаше проблеми да го пронајде патот до голот, што значи дека ќе мора и понатаму да причека до својот 400-ти гол во сениорска конкуренција, а неговиот тренер верува дека играчите на Малага имаат апсолутна заслуга за тоа.
„Фактот што Меси не учествуваше толку во нашата игра е заслуга на Малага. Очигледно е тоа дека колку е тој поразигран, толку сме ние поопасни. За нас, можноста да го најдеме Меси е клуч, и ако го направиме тоа, поопасни сме. Тоа овој пат ни беше најтешко и тоа очигледно е заслуга на нашите ривали“, изјави Енрике.
Енрике, исто така, изјави дека никогаш нема јавно да ги критикува своите играчи.
„Критиките ќе дојдат зад затворени врати. Овие играчи тоа го прават кога ќе победиме, па само замислите кога работите не одат онака како што сакаме. Пред нас е долг пат, но тој е вистинскиот и ќе видиме да најдеме решение, не изговори. Овие играчи не се машини, играат натпревар секој трет ден“, додаде шпанскиот стручњак.
По пет кола на Примера лигата, Барселона се наоѓа на чело на табелата со 13 бодови, колку што има Севилја, но каталонскиот клуб има подобра гол-разлика.


Најнови вести