Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2014

Диего Лопес нов голман на Милан

Досегашниот голман на Реал Мадрид, Диего Лопес, ги договорил со управата на Милан деталите од четиригодишниот договор, пренесоа шпанските и италијанските медиуми.

Денеска Лопес ќе ги помине и лекарските прегледи во Милано, по што и официјално ќе го потпише договорот со клубот од Милано.
Лопес мораше да го напушти „Сантијаго Бернабе“ откако во клубот дојде голманот на костариканската репрезентација, Кејлор Навас. Управата на „кралевите“ одлучи во клубот да остане Икер Касилјас, па за Лопес немаше место во тимот.
Триесет и двегодишниот Лопес беше прв голман на Реал Мадрид додека тренер беше Жозе Мурињо, а минатата година, под водство на Карло Анчелоти, Лопес бранеше во шпанското првенство, а Касилјас во Лигата на шампионите и во Кралскиот куп.

Најнови вести