Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2014

Халиловиќ во Барса за 2,2 милиони евра

Како што беше најавено претходно, Ален Халиловиќ, младиот фудбалер на Динамо Загреб, потпиша петгодишен договор со Барселона по трансферот вреден 2,2 милиони евра.

Каталонскиот клуб на својата официјална интернет-страница објави дека висината на трансферот би можела да се зголеми во зависност од исполнувањето на неколку наведени клаузули.
„Воодушевен сум, тешко е да се опише со зборови како се чувствувам. Благодарен сум на Динамо, кој е моја прва љубов и сакам од навивачите да се збогувам со двојна круна и моментно размислувам само за тоа“, изјави Халиловиќ.
Младиот фудбалер за врска дури во јуни ќе наполни 18 години, а најпрво ќе игра за резервниот тим на Барселона. Во јуни минатата година дебитираше и за сениорската репрезентација на Хрватска.
Момчето родено 1996 година во Дубровник оваа сезона одигра 19 натпревари во националниот шампионат на Хрватска, постигна три голови и забележа една асистенција, додека во Лигата на шампионите играше на три натпревари, без напаѓачки учинок.


Најнови вести