Корисничко име Лозинка Пријави се
07.3.2014

Анри го повика Пујол во САД

Тиери Анри, првотимецот на Њујорк Ред булс, го покани Карлес Пујол, некогашниот соиграч од Барселона, да ја продолжи кариерата во некој од клубовите од САД.

Пујол во понеделникот соопшти дека на крајот на сезоната ќе го напушти каталонскиот тим, а Анри истакна дека ја почитува неговата одлука.
„Мораме сите да ја почитуваме одлуката на Пујол да ја напушти Барселона и ќе имаме шанса да уживаме во неговите последни натпревари во дресот на тој клуб. Неговата одлука е пример за почит кон некој клуб. Ако сака да игра во МЛС-лигата, јас ќе му посакам добредојде. Тоа би било одлично за американскиот фудбал“, изјави Анри за каталонскиот „Спорт“.
Анри и Пујол беа соиграчи во Барселона од 2007 до 2010 година, каде што освоија две титули на Примера лигата, Лигата на шампионите, националниот куп, Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.
Анри од Барселона во 2010 година направи трансфер во Њујорк Ред булс, каде што одигра 100 натпревари и постигна 42 гола.


Најнови вести