Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2013

Фабрицио Раванели тренер на Ажаксио

Поранешниот италијански интернационалец Фабрицио Раванели е нов тренер на францускиот прволигаш Ажаксио, соопшти клубот од Корзика.

Четириесет и двегодишниот Раванели, кој во кариерата играше за Перуџа, Јувентус, Марсеј и Лацио, ќе го наследи Албер Емон, кој е отпуштен пред десетина дена поради лоши резултати на клубот.
Раванели, кој последните две години ја водеше младинската академија на Јувентус, потпишал двегодишен договор.
Италијанецот беше еден од најдобрите напаѓачи во Европа во деведесеттите години, со 522 лигашки натпревари и 190 постигнати голови. Петпати беше шампион во Серија А со Јувентус, со кој ја освои и Лигата на шампионите во 1996 година.