Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2012

Емон нов тренер на Ажаксио

Францускиот прволигаш Ажаксио соопшти дека го ангажираше Албер Емон за нов тренер.

Педесет и деветгодишниот Емон е поранешен тренер на Олимпик Марсеј, а на клупата ќе го замени Алекс Дипон кој во понеделникот доби отказ.
Новиот тренер на клубот од Корзика во својата кариера ги водеше и Ница, Тулон и Кан, а новиот клуб ќе го преземе на 2 јануари.
Ажаксио во моментов е на 14 позиција на табелата од француската Лига 1 со три бода повеќе од клубовите кои се во зоната на испаѓање.