Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2013

Анжи му нуди на Валдес 12 милиони евра годишно

Богатиот руски фудбалски прволигаш Анжи од Махачкала на Виктор Валдес, 31-годишниот голман на Барселона, му нуди богат договор за преминување во неговите редови.

Бидејќи Валдес порано најави дека нема намера да го продолжи договорот со Барселона, кој му истекува во 2014 година, очигледно Барселона ќе мора да го продаде летово за да добие одредена оштета.
„Марка“ наведува дека Анжи, клубот чиј спортски директор е некогашниот играч на Реал Мадрид, Роберто Карлос, е спремен на Валдес да му понуди 10 милиони евра годишни примања по сезона, со тоа што износот би можело да порасне до 12 милиони евра со бонусите. Со тоа Валдес би станал најплатен светски голман.
Сигурно е дека ниту еден друг клуб на Валдес не би му понудил толку богати финансиски услови, а шпанскиот голман сега треба да ги разгледа опциите. Од претходно е познато дека интерес за негово доведување покажа и Арсенал.

Најнови вести